Ги дочекаа најверните фанови

Со песна во Скопје стасаа вардаровите јунаци (Видео)

Го освоија Истанбул, пред нив падна и големиот Фенербахче, па очекувано новите фудбалски херои, играчите на Вардар во Скопје пристигнаа со песна. Прво самите ја најавија славеничката атмосфера во автобусот од авиоснаката писта до влезот на аеродромот во Скопје, а потоа им се приклучија навивачите.

Го освоија Истанбул, пред нив падна и големиот Фенербахче, па очекувано новите фудбалски херои, играчите на Вардар во Скопје пристигнаа со песна. Прво самите ја најавија славеничката атмосфера во автобусот од авионската писта до влезот на аеродромот во Скопје, а потоа им се приклучија навивачите.

„Тебе те сакаме, тебе те бодриме, срцето мое е за тебе, само напред Вардаре“, ечеше на скопскиот аеродром, а допрва ќе се слави големиот успех и пласманот на Вардар во фазата по групи во Европа Лигата.