Пристигна актуелниот светски првак

Спектакуларен пречек за Хамилтон во Мерцедес (Фото+Видео)

Луис Хамилтон го посети седиштето на Мерцедес во Бракли, а претставниците и вработените во автмобилскиот гигант му приредија убав пречек на четирикратниот светски првак во Формула 1

Луис Хамилтон го посети седиштето на Мерцедес во Бракли, а претставниците и вработените во автмобилскиот гигант му приредија убав пречек на четирикратниот светски првак во Формула 1.

Четири титули по ред има Мерцедес во конкуренција на конструктори, Хамилтон ја донесе четвртата своја круна, па се беше во знакот на четворката во Бракли.

„Ви благодарам за емотивниот дочек. Не го очекував ова и затоа ми значи. Пријатно сум изненаден од сите вработени во семејството на Мерцедес“, рече Хамилтон.