КАКО МАКЕДОНИЈА ЈА РЕШИ РУСИЈА

Томовски ја спушти ролетната, останатите ја полнеа мрежата на Русите (ВИДЕО)

Нашата младинска репрезентација со одлична игра во второто полувреме дојде до посакуваната победа над Русија на стартот на Мундијалот. Одлично втори 30. минути одиграа избраниците на Илија Темелковски. Томовски им наби комплекс на противничките ракометари, додека неговите соиграчи ја полнеа противничката мрежа. За тоа говорат 19 погодоци во вториот дел од вкупните 29.