Вардарци истрчаа на „Шукру Сарачоглу“: Храбро и борбено до историја (ВИДЕО)

Фудбалерите на македонскиот шампион, Вардар истрчаа на стадионот „Шукру Сарачоглу" каде утре ќе го одиграат реванш мечот против Фенербахче за пласман во групната фаза во Лигата на Европа. Избраниците на Чеде Јаневски имаат одличен резултат по првиот натпревар (2-0), останува утре со храбра и борбена игра да пишат историја и да станат првата македонска екипа која успеала да се пласира во групната фаза во ова натпреварување.