Реновирање на стадионот на Реал Сосиедад

(Видео) Ја урнаа пола „Аноета“, Вардар ќе начека градилиште во Сан Себастијан

Реал Сосиедад комплетно ќе го реновира својот стадион „Аноета“ во Сан Себастијан, а се планира изградбата да биде комплетно готова за две години. Вардар ќе гостува на овој стадион на втори ноември, во меч од четвртото коло во Европа Лигата. Стадионот личи на големо градилиште, а се планира да биде изградено модерно здание со капацитет од 42.300 места. Моментно капацитетот е за 11 илјади места помал од проекциите со новиот стадион