Интересен момент

Зенит има широка база на навивачи - Најава на мечот со Вардар и на фински јазик (Видео)

Санкт Петербург не е далеку до Финска, особено од Хелсинки, а Зенит има широка база на навивачи, па на сопствениот Твитер профил клубот има најава и на фински јазик за мечот со Вардар 

Санкт Петербург не е далеку до Финска, особено од Хелсинки, а Зенит има широка база на навивачи, па на сопствениот Твитер профил клубот има најава и на фински јазик за мечот со Вардар.

Интересен момент, што потврдува дека односите со навивачите мора да се негуваат внимателно, а Зенит мисли на своите симпатизери. Ги има во голем број, а потврда е и видеоматеријалот со најава на фински јазик, но и фотографијата од осмогодишното момче Џои Клифорд од Дандалк, Република Ирска. Џои навива за Зенит, клуб кој има одлично реноме во европскиот фудбал и е освојувач на УЕФА купот во 2008 година, сега познат како Европа Лига.