Силен налет на тетовските „црвено-црни” уште од самиот почеток во потрага по првиот гол, во шестата минута прв одличен удар упати Ибраими, но голманот на гостите со крајни напори успеа да интервенира.
Во 15. мин. беше затресена мрежата на противникот, но Алими се најде во офсајд позиција. Потоа истиот играч се закани, но неговиот удар беше преслаб за Хансен за само воздишки на трибините.

Фантастична можност имаше Шкендија во 20. минута досуден беше пенал после прекршокот на Хеденстад врз Ибраими, но за жал не го реализираше, односно подобар во дуелот беше Хансен. Само 60 секунди подоцна пред самиот петерец Емини во фантастична шанса се најде, шутираше само малку неколку сантиметри покрај стативата.

Половина час игра повеќе се кружеше околу голот на Розенборг, но погодок сеуште немаше. Ибраими добро чуван од одбраната на противникот, немаше најдобра прегледност, шутираше со левата нога, но повторно сигурен беше Хансен.

Повторно нова одлична можност и повторно досуден пенал, после прекршокот на Ховланд над Ибраими. Овојпат изведувач на ударот од белата точка беше Емини, но зачудувачки Хансен повторно блесна со уште подобра одбрана и за неверување втор нереализиран пенал на мечот за Шкендија, остана 0:0.

И после тие одлични шанси, како по некое непишано правилото доаѓа казната, во 66. минута после еден изведен корнер, сосема случајно Розенборг дојде до позитива, Ховланд убаво си изгради простор, со левата нога прецизно во долниот агол на Захов за радост на Норвежаните.

Како да „згасна” таа мотивација која беше особено присутна во првото полувреме, мирниот период го искористи ривалот и за втор гол кој беше реализираше Региниусен за крај на сите дилеми, а Розенборг обезбеди пласман во групите на ЛЕ.

Фото: Петр Стојановски

Лига Европа (плеј-оф), реванш
(прв натпревар, Розенборг-Шкендија 3:1)

Шкендија-Розенборг 0:2

Ховланд 67′, Региниусен 84′

Шкендија: Захов, Бејтулаи, Алими, Муслиу, Ибраими, Тотре (Бојку 76), Мурати, Стенио Жуниор, Емини, Мици (Шефити 87), Нафиу (Селмани 64).