Она што се најавуваше наназад неколку месеци, вчера и се официјализира. Имено Извршниот Комитет на УЕФА, одлучи од сезоната 2021 да воведе ново натпреварување, тоа е Лига Европа II.

Таму би се натпреварувале оние екипи кои во најдобрите првенства ќе се пласираат на седмите места. Македонија, која е некаде од 35 до 41 место, ќе има три претставници, значи нема место за Лига Европа I.

Во тоа второ натпреварување по ранг од Македонија во квалификациите ќе играат втората, третата и четврто пласираната екипа во шампионатот.

Тоа значи дека за победникот на Купот на Македонија нема место во Европа, и не само на Македонија. Додека во Лигата на Шампионите се останува исто.

На пример нашиот шампион почнува од 1. квалификациско коло во ЛШ, и ако не успее да се пласира во групната фаза тогаш ќе има има шанса преку Лигата на Европа I да се најде во групната фаза во ова натпреварување.