На првиот меч на Светското првенство, македонските ракометари имаа поддршка од околу 500 фанови. Дел специјално дојдоа од Македонија, дел се од Германија, дел од соседните држави…Меѓу нив беше и чичко Климе, таткото на Стојанче Стоилов, кој не прошушта меч, на секое големо натпреварување е на трибините.