Спортмедиа во Минхен, Марија Ковачева

Секогаш смирен, капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров знае како да ги води момците низ големите натпреварувања.

Македонија тргна со победа, но засега е далеку од големиот сон, а патот го отежнува тешкиот распоред во продолжение на Светското првенство. По Бахреин, нема одмор, следува дуелот со Хрватска, што пак е причина за мала загриженост кај нашиот „бомбардер“.

„Ме загрижува тоа што од утре почнуваме натпревар ден за ден, нема да имаме пауза за рекуперирање. Да не се повторуваме дека ростерот ни е таков каков што ни е, што подмладен, што неискусен. Тоа малку ме загрижува, ќе биде потешко да се анализира, да се подготвиме за следниот натпревар. Би било добро утре да одиграме добар натпревар, а патем да останеме здрави за да имаме сили за натпреварите што следуваат“, вели Лазаров.

Што се однесува до дуелот со Бахреин потенцира дека победата од девет гола не смее да ги успие..

„Колку што имам информации од вчерашниот меч со Шпанија, Бахреин е поквалитетна репрезентација од Јапонија. Тоа ни укажува да бидеме многу внимателни во утрешниот натпревар, да не нѐ успие победата од девет разлика со Јапонија, затоа што не беше така лесно како што изгледаше на крајот. Како што се договоривме, мора да одиме чекор по чекор, таа победа со Бахреин би ни значела многу, но нѐ очекува тешка борба и тежок натпревар. Ако одиграме максимално концентрирано и квалитетно може да се надеваме на двата бода“.