Спортмедиа во Минхен, Марија Ковачева

Македонскиот репрезентативец Борко Ристовски и хрватскиот селектор Лино Червар имаат историја со оглед на тоа дека Червар изненадувачки го изостави од националниот тим за СП 2017 во Франција кога седеше на клупата на Македонија.

Нашиот голман на овој дуел не гледа како целата јавност, па и ние новинарите. За „министерот за одбрана“ мечот со Хрватска ќе биде ист како сите останатите без разлика што на клупата на противникот ќе биде Червар/.

„Не ми треба Червар за да се мотивирам за Хрватска. Натпревар со таква репрезентација е мотив сам по себе. Тоа е репрезентација која е меѓу најдобрите пет на светот, има одлични ракометари и на сите натпреварувања има највисоки амбиции. Не размислувам за Лино Червар и му посакувам среќа во мечот против нас”, изјави Ристовски.