Спортмедиа во Минхен, Марија Ковачева

Македонската репрезентација по долг период нема да игра во главната рунда на Светските првенства. Исланд излезе како победник, не совлада со 24-22 и не прати во Президент Купот.

За време на Мундијалот, на адресата на една од најомилените личности на македонската јавност Раул Гонзалез беа испратени бројни критики. По завршување на групната фаза капотенот застана во одбрана на селекторот и порача.

„Гледам дека за време на ова Светско првенство сериозни критики има за Раул Гонзалес, и за начинот на кој ја води репрезентацијата. Јас повикувам да се прекине со сето тоа затоа што одговорно тврдам дека го имаме еден од тројцата најдобри тренери во светот. Ние комплетно стоиме зад се што работи Раул и сите негови замисли”, рече Лазаров.

Ракометарите денеска треба да пристигнат во Келн, каде веќе утре (13 часот) ќе ги одмерат силите со Русија во битката за 13. до 16. место.