Македонскиот вицепрвак Металург е освојувач на „Мастер Гренобл“ турнирот во Франција, откако во финалето со 32:31 (14:17) славеше над Бидесоа.

Тимот на Данило Брестовац имаше проблеми во првото полувреме и на одморот замина со негатива од три гола, за потоа во продолжението предводени од одличниот Шпенде (10 гола) да се изборат за комплетен пресврт и победа.

Поддршка Словенецот имаше и од Пучник 6 погодоци, како и Јагуриновски, кој постигна 5 гола.

Александар Шпенде е прогласен за најдобар играч на турнирот, додека голманот на Металург, Даниел Дупјачанец е најдобар чувар на мрежата.

Металург продолжува со француската турнеја, каде ја чекаат уште три пријателски натпревари со Екс Прованс (22 јануари), Ним (23 јануари) и Ст. Рафаел (24 јануари).