Хрватска ќе се бори за петото место на Светското првенство кое се одржува во Германија и Данска. Лино Червар и неговите момци покажаа карактер и тоа против бранителот на титулата, Франција, нанесувајќи и го првиот пораз на Мундијалот.

Со триумфот (20-22), „коцкестите“ обезбедија место во олимписките квалификации за ЛОИ 2020 година.

„Пресуди нашата желба, одбрана и нашиот Марин Шего. Им честитам на момците, успеавме да обезбедиме пласман во квалификациите за ОИ“, вели Дувњак, кој на овој меч имаше само еден погодок од шест обиди.

Искусниот хрватски репрезентативец секако жали за поразот од Бразил.

„Имавме лош ден против Бразил, се надевавме дека можеме да стигнеме до полуфиналето, но таков е спортот“.

Желбата на „коцкестите“ е да го добијат дуелот за петото место и со победа да се вратат дома.

„Можеме да дојдеме до победа во борбата за петото место, сакаме со победа да заминеме дома. Не беше страв од несупех. Мислевме само на нашиот натпревар, не на дуелот на кој Бразил го совлада Исланд и ни го зголеми товарот за пласман во квалификациите за ОИ“.