Како што и се очекуваше и едните и другите започнаа силно во нападот, не толку во одбраната. Во првата четвртина Берое имаше само еден кош разлика.

Во понатамошниот дел од мечот проработе одбраната на домашниот состав, тоа се рефлектираше и врз резултатот, се одлепија Бугарите на позитива од „плус девет”.

Третата четвртина помина слично како првата, двата тима постигнаа многу поени, како и да е Берое успеа да ја контролира својата предност и не му дозволи на нашиот претставник да се приближи. После 30. минути игра беше +13 за домаќините, а во последната делница се обидоа нешто повеќе играчите на Блокотехна, стартуваше со серија од 5-0, но Берое до крајот на средбата не дозволи никакво изненадување.

За гевгелиската екипа Брендон Пен заврши со 22 поени, следен од Данило Мијатовиќ со 19, додека Повилас Гаидис додаде 17 поени и 10 скока.

Во победничките редови Николај Стојанов и Трентон Когинс најдобро се истакнаа со по 18 поени, три помалку забележа Тихомир Желев (осум скока, пет асистенции).

На табелата Блокотехна е четвртопласирана со 10 бодови, зад третопласираниот Берое со досега максимални 12 бодови од шест дуели, но напомена дека водечкото дуо Академик Бултекс (15) и Теура (13) имаат три, односно два одиграни мечеви повеќе.

Следниот дуел Блокотехна (4-2) ќе го има на домашен терен против Барси Атирау.