Вториот дел од сезоната за македонскиот првак Вардар започнува на 31 декември, со гостувањето кај Војводина во СЕХА лигата, а на овој датум во продажба ќе бидат пуштени и билетите за првиот натпревар на домашен терен во Лигата на шампионите со Веспрем.

Натпреварот е закажан за 16 февруари, во 17:30 часот, во СЦ „Јане Сандански”, а истиот го носи и епитетот „меч на неделата“ во 12. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Во продажба ќе се пуштат поединечни билети за трибините и А блоковите, кои ќе бидат по цена од 350, односно 400 денари.

Билетите ќе може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот, и он лајн на www.тицкетплус.мк

До крајот на групната фаза од Лигата на шампионите остануваат уште четири кола. По 10 одиграни натпревари Вардар е на второто место во група А со 13 бода, еден повеќе од Рајн Некар, Веспрем и Кјелце.

На првиот меч одигран во Унгарија во ЛШ сезонава победи Вардар со 27-25

Првиот од групната фаза на ЛШ директно ќе се пласира во четвртфиналето на ЛШ, а екипите пласирани од второ до шесто место ќе играат во осминафиналето на ЛШ. Нивни противници ќе бидат екипи од Група Б и плус уште едне тим што ќе се избори од квалификациите од групите Ц и Д.