Хасан Мустафа, претседателот на ИХФ, се огласи по бројните критики и приговори за некоректното судење од страна на Хрватска и селекторот Лино Червар за дуелот со Германија (21-22).

„Судиите, тренерите и играчите грешат. Кога ќе изгубиш, секогаш прстот го насочуваш кон судиите. Сметам дека тоа не е коректно. Го почитувам хрватскиот ракометен сојуз, каки и останатите сојузи. Кон сите сме фер и сите репрезентации ги третираме исто“, вели Мустафа.

Првиот човек на ИХФ ги отфрли сомнежите дека данската двојка судела во корист на Германија.

„ИХФ не го крши олимпискиот дух, не е коректно некој да зборува дека ИХФ им диригира на судиите. Жал ми е кога слушнам вакво нешто. Човечки е да погрешиш. Мадс Хансен и Мартин Гјединг се меѓу најдобрите во светот и затоа со нив зборевме околу чекорите кои треба да се направат за во иднина да им се олесни работата на судиите. Им веруваме, му веруваме на данскиот народ. Не можеме да кажеме дека не грешат, но тоа се човечки грешки“.

Судиската комисија ќе одлучи дали Мадс Хансен и Мартин Гјединг во продолжение на СП ќе ги видиме.