Попладнево Шкендија одлета за Турција, каде што во Анталија ќе ја одработи најважната фаза од тековните подготовки. Во експедицијата на шампионот покрај другите се и повредениот Бесарт Ибраими и новакот Агим Ибраими. Тетовци во Анталија ќе престојуваат до 5 февруари, а ќе одиграат најмалку четири пријателски натпревари. Веќе во четврток ривал ќе биде тимот на Грасхоперс од Швајцарија. Да споменеме дека на првите два домашни „теста”, момците на стратегот Ќатип Османи славеа со по 2:1 против Ренова и Македонија ЃП. Значи Шкендија во добра форма отпатува во Анталија. Да додадеме уште дека Ремзифаик Селмани, кој воедно и е наш млад репрезентативец, не отпатува за Анталија и дека до крајот на сезоната ќе игра како позајмица во косовскиот Љапи.