Тетекс продолжи со градење составот за вториот дел од сезоната во Втората лига – Запад, каде го очекува битката за опстанок. По редот засилувања ново име во редовите на тимот од Тетово е играчот за врска Мирко Симјановски.

Откако Тетекс претходно доведе играчи во одбраната и нападот, дојде редот за средниот ред. Симјановски доаѓа од тимот на Вардар Неготино, претходно настапуваше за Тиквеш, Академија Пандев, Царев Двор.

Стратегот, Јовица Кнежевиќ во следниот период ќе има вистинска слика за тимот, засега се закажани пријателски натпревари со младинците на Македонија ЃП, Пелистер, Борец, Струга и Кит Го.

Клубот воедно информираше дека редовите ги напушти Филип Јовановски  – Шаро…