Организаторот на Светското првенство 2019, Данска е новиот светски шампион!

Данците во четвртиот обид дојдоа светското злато, единственото кое им недостасуваше во нивната историја со оглед на тоа дека имаат две европски титули, а се и актуелни олимписки шампиони.

Во првото скандинавско финале на мундијалите, Данска со 31:22 (18:11) ја совлада Норвешка, што е и третото најубедливо финале на СП.

Веќе по првите 30 минути беше се јасно со оглед на тоа дека Данците доминираа во секој сегмент. Откако на полувремето заминаа со предност од седум гола (18:11) веќе во 47. минута беше јасно дека Данска ќе се радува на првото злато со оглед на тоа дека имаа двоцифрена предност (25:15), која рутински ја задржаа до крајот на финалето.

Данска со импресивен настап го заокружува настапот на 26. Светскот првенство со оглед на тоа дека има 10 победи во 10 натпревари.