По завршувањето на Светското првенство 2019 во Данска и Германија, официјалната статистика вели дека Македонија во едно нешто е меѓу топ-3 репрезентации. Во фер-плеј!

На седум натпревари колку што одигравме во Германија (пет во Минхен и два во Келн) нашите репрезентативци имаат само осум жолти картони и 21 исклучување.

Македонија е на третото место на фер-плеј листата, зад Кореја и Шпанија.