Денеска во Анталија, каде се подготвуваат дури 70% од нашите прволигашки клубови, ќе биде доста интересно. Имено три наши екипи, Шкендија, Вардар и Македонија ЃП ќе одиграат нови пријателски средби. Но само ако временските услови дозволат ако се знае дека деновиве и Анталија ја зафати невреме, проследено со силен дожд и ветар.

Шампионот по оној прекин со Грасхоперс секако дека посакува конечно цел натпревар и деби на Агим Ибраими и Зени Хусмани. Ривал на тетовци ќе им биде Оренбург, членот на елитната лига во Русија. Вардар пак ќе го игра својот четврти натпревар во Анталија, а за денеска спаринг – партнер ќе му биде составот на Александрија од Украина. Додека „лавовите” по поразот од Шахтјор Караганди, дуелот против Ботев Враца ќе го искористат да дојдат до првата победа во текот на овие подготовки, ако се знае дека како за „загревање” пред десет денови во Тетово загубија и од Шкендија со 1:2.