Македонскиот првак Вардар од четвртокот е скоро комплетен (Игор Карачиќ се приклучува неделава) и се подготвува за продолжението од сезоната.

Кондициониот тренер на „црвено-црните”, Даниел Јуришиќ, чии работни обрски се најактуелни во периодите кога се темпира формата во интервју за клупскиот сајт на прашањето дали Вардар е подготвен за она што го чека пролетва, тој вели:

„Имаме доста повредени, и тоа зависи кога сите ќе бидат подготвени. Но кога се игра осминафинале и четвртфиналето на ЛШ. Мислам дека во април можеме да бидеме многу опасни. Се надевам дека до април, и Горбок и Мораеш и Борозан ќе бидат во топ форма. Февруари може да биде малку критичен”, објаснува Јуришиќ.

Комплетното интервју може да го прочитате ТУКА.