ве години Тетово и Шкендија го чекаа да се врати. И конечно тоа се случи оваа зима, Агим Ибраими на 20 јануари стави параф на договорот со кој во наредниот период ќе ја носи „десетката” на моментално најдобриот тим во земјата, на шампионот Шкендија. Агим по 13 години и официјално се врати во својот матичен клуб, и за „Спортмедиа” анализира што тоа забележал прво во тие десет дена откако е „дома”, во Шкендија.

„Искрено да ви кажам јас сум фасциниран од тоа што го гледам тука во Шкендија. Пред се од тоа како младите имаат пристап кон тренинзите и натпреварите. Имам искуство од играње надвор од нашата земја и мене ми е чудно што тие со тоа што го покажуваат уште играат во Македонија. Со тоа што го покажуваат заслужуваат да играат надвор. Сепак причина за тоа што се тука е Шкендија која што дава еден нов момент во македонскиот фудбал, затоа што им дава можност да играат на едно високо ниво, создава еден колектив кој на секого му овозможува да напредува во кариерата” вели Ибраими.

Доминација со Грасхоперс, деби против Оренбург

Агим се сложува дека Шкендија прераснува во голем клуб. Шкендија сега е некое друго ниво од тоа што била во минатото.

„Тоа го покажуваат последните резултати од минатата година, но и последните три лета од настапите во Европа. Во однос на натпреварите овде во Анталија навистина е прекрасно да се види тимот како игра, како функционира. Јас секогаш сум знаел дека Шкендија е квалитетна, меѓутоа начинот на тоа како беа одиграни тие 37.минути со Грасхоперс, доминација и максимален ангажман на сите делови од теренот, а потоа да се доминира и да се покаже квалитет против тим од Премиер Лигата на Русија, мислам на Оренбург, навистина не е мала работа. Јас на овој меч го имав своето деби така да се каже. Сето ова покажува дека Шкендија е квалитетен тим кој што се гради за да постигне уште поголеми резултати”.

Не смее да има еуфорија…

Во манир на искусен играч кој минал многу во својата кариера, но и како вистински спортсмен, тој го истакнува и следното…

„Да престанам тука со фалењето затоа што не смее да не понесе еуфоријата, имаме многу работа пред нас, а главна наша цел во овој момент е шампионската титула. И затоа без еуфорија со многу работа треба да пристапиме кон нашите задачи за да го добиеме тоа што го посакуваме. Нормално пак кажувам дека сум повеќе од позитивно изненаден од тоа што го гледам до овој момент во Шкендија” заврши Агим Ибраими.