Барселона ја совлада Севиља со 6-1 во реванш мечот и се пласираше во полуфиналето во Купот на Кралот. Мечот го отвори Филипе Кутињо во 13. минута со погодок од белата точка, на 2-0 зголеми Иван Ракитиќ. Во листата на стрелци двапати се запиша Кутињо, Роберто зголеми на 4-0. Севиља во 67. минута преку Арана намали на 4-1, но Луис Суарез и Лионел Меси ставија печат на убедливата партија.