Првиот меч по паузата Вардар го игра во Нови Сад против Војводина во рамките на СЕХА-лига. Роберто Гарсија Парондо и на овој меча нема да може да смета на сите момци, поради оперативните зафати Бекот Вуко Борозан, пикерот Рожерио Мораес, како и голманот Калифа Гедбан остнаа во Скопје, а поштеда доби и Игор Карачиќ, кој пред неколку дена ги заврши репрезентативните обврски со Хрватска на СП.

Пред дуелот со српскиот тим, Вардар е на второто место на табелата со 33 бода исто колку и лидерот Нексе, кој има меч повеќе. Победата ќе го врати македонскиот и регионален првак на врвот.