Од утре па во наредните 7-10 денови во Анталија ќе престојува и нашиот селектор Игор Ангеловски. Се разбира дека таа посета ќе биде работна, се со цел на лице место да добие увид во формата на нашите репрезентативци кои се подготуваат со своите клубови во познатиот спортско – туристички центар во Турција.

Секако дека ќе ги гледа и оние играчи кои се потенцијални репрезентативци за квалификациските натпревари за пласман на ЕП 2020 година. Да потсетиме дека на 21 март играме дома со Летонија а три дена подоцна ќе и гостуваме на Словеија. Токму затоа селекторот Ангеловски ќе „скенира” и дел од словенечките клубови кои даваат репрезентативци на својата земја.

Инаку познато е дека во моментов во Анталија се подготвуваат седум наши клубови, или 70% од Првата лига на Македонија. Тоа се екипите на Работнички, Шкендија, Вардар, Македонија ЃП, Шкупи, Академија Пандев и Беласица.