Блокотехна го запиша петтиот триумф во балканското друштво. По поразот во минатото коло, македонскиот тим успеа да се врати на победничките патеки, на домашен терен ја оправда улогата на фаворит против Барси Атураи совладувајќи го со 85-72 (22-20, 26-13, 14-19, 23-20).

Мијатовиќ со 24 поени и девет скока беше прв стрелец, зад него беше Главчев со 20 поени.

Гевгеличани одлучувачката предност ја направија во втората четвртина која ја добија со 26-13, до крајот рутински го приведоа мечот и покрај обидот на гостите по одморот да приредат сензација. Избраниците на Марјан Илиевски максимално ја искористија предноста на домашен терен, во последните десет минути доминираа.

Блокотехна остана на четвртото место на табелата во БИБЛ-лигата.