Вардар е една од причините поради која Љубомир Врањеш предвреме ја заврши соработката со Веспрем. По поразот од македонскиот првак во првиот дел од сезоната во Лигата на шампионите, челниците на унгарскиот вицепрвак во консултација со дел од искусните играчи решија да му врачат отказ.

По пауза од четири месеци, Врањеш се враќа на европската сцена и тоа како стратег на Кристијанштад еден од противниците на „црвено-црните“ во групната фаза во елитното натпреварување. Тој доаѓа на местото на Ола Линдгрен.

Вардар и Кристијанштад ќе се сретнат на 23 февруари, дуелот се игра во Шведска.