Се оствари „бомбата“ која ја најави „Спортмедиа“ уште пред неколку дена. Вардар во своите редови доби големо засилување, само еден ден откако ги подмири сите долгови кон фудбалерите. Хуан Фелипе е добро познато име, тој беше еден од клучните во освојувањето на титулата на екипата, во пласманот на тимот во Лигата на Европа.

Договорот со Фелипе е на шест месеци, односно до крајот на сезоната.

Со него Вардарци добија квалитетно фудбалско име во средниот ред.

Информациите велат дека Вардар во следните денови би можел да добие уште некој нов фудбалер.