Словенецот одлуката ја дозна за време на дуелот против Детроит на гостински терен. Иако на Лука Дончиќ не му беше сеедно, особено откако доби голем број на гласовите од фановите, сепак тој покажа дека е голем спортист.

„Секако, бев возбуден, моето име се споменуваше за Ол-старот, но тоа не се случи. Се надевам ќе играм следната година. За мене беше доволно и се чувствував одлично бидејќи фановите сакаа да ме видат таму. Поддршката од фановите за мене е најважната“, рече Лука Дончиќ.

На овој ЛИНК може да ги видите резервите за главниот меч на Ол-стар викендот чиј домаќин е Шарлот.