ЛА Лејкерс во градското дерби го совладаа ЛА Клиперс со 123:120 во кам-бекот на Леброн Џејмс по паузата. „Кралот” се повреди кон крајот на декември во триумфот против Голден Стејт и пропушти 17 натпревари. Леброн беше близу до трипл-дабл, имаше 24 поени, 14 скока и 9 асистенции.

Лејкерси имаа плус 14 на почетокот на последната четвртина, но Харис со тројка на 35,9 секунди се избори за продолжение (112-112). Во дополнителните пет минути, Леброн, Рондо и крајот Стивенсон се погрижија да дојдат до 27 победа. Со скор од 24 победи, „езерџиите” се на деветото место, додека Клиперси со еден триумф повеќе и еден пораз помалку се едно место погоре во Западната конференција.