Турскиот клуб се договори со Борусија Дортмунд за позајмица на Шинџи Кагава до крајот на сезоната. Тој е првиот јапонски фудбалер во историјата на Бешикташ. Според турските медиуми Турците ќе и платат на Борусија два милиони евра за позајмицата.
Кагава ќе го носи дресот со број 23.

Бешикташ во зимскиот преоден рок ги донесе уште Николас Исимат-Мирин од ПСВ, Мухајер Октај од Фортуна Дизелдорф и Бурак Јилмаз од Трабзон.
Клубот го напуштија Толгај Арслан кој замина во Фенербахче, Рајан Бабел прејде во Фулам, Вагнер Лав се врати во Бразил.