Голови, шанси, одбрани, пресврт, мешаници, исклучувања… Ова беше се што го одликуваше вечерашниот предквалификациски футсал натпревар помеѓу Македонија и Албанија, кој беше битка за прво место во групата, а која ја доби Македонија.

Нашата селекција поведе уште во 14. секунда преку Зибери. Меѓутоа Албанија направи пресврт со головите на Реџепај во 05:08 и Каца во 12:09. Во финишот на првиот дел исклучен беше Сефери поради старт над Алими.

Меѓутоа во вториот дел Македонија заигра далеку подобро и брзо дојде до пресврт. Во 23:33 Зибери постигна гол за 2:2, а Исмаили потоа во 24:38 донесе пресврт.

Вреди да се напомене дека нашиот голман Петровски имаше четири фантастични интервенции, и така Македонија стигна до триумф и до првото место во групата „Ц”. По завршување на мечот нови тензии и мешаници на теренот.

Сега нашата селекција ќе игра во квалификации против Украина, Словенија и Косово, на турнир кој се игра во Украина.

ГРУПА „Ц”
Македонија – Албанија 3:2
Грција – Сан Марино 3:1

ТАБЕЛА:
1. Македонија 9
2. Албанија 6
3. Грција 3
4. Сан Марино 0