Еурофарм Работник не го затвори ростерот со кој очекува добра дебитанска сезона во групната фаза во ЕХФ Купот. Битолскиот тим вечерва промовираше ново засилување. Станува збор за Невен Стјепановиќ, босански репрезентативец кој игра на позицијата десен бек.

Стјепановиќ кој е прв братучед на фудбалерот на Македонија ЃП, Остоја Стјепановиќ, во првиот дел од сезоната беше гостин во СЦ „Борис Трајковски“ со Спортинг, во својата кариера има настапувано за Локомотива Брчко, Железничар Ниш, Војводина, и Духаил во Катар.

Тимот на Еурофарм Работник својата одисеја во второто по ред најквалитетно европско клупско натпреварување ја започнува на гостински терен против Хановер.