Уште еден меч заврши со очекуван епилог. Блокотехна на гостувањето кај Пелистер славеше со 66-88 (19-21, 16-19, 16-24, 15-17) во последниот меч од 14. коло во Првата лига.

Во салата „Младост“ се играше кошарка во нормални услови, спротивно од информациите кои пред некој ден дојдоа до Битола, дека ракометарите на Пелистер тренираат во ниски температури и во прокисната сала.

Гевгеличани не одиграа со целосен капацитет, се трошеа сили онолку колку што беше потребно за да дојдат до 11-та победа сезонава.

Мијатовиќ со 22 поени го предводеше составот на Блокотехна, Николиќ запиша 15 поени, додека Главчев 12. Во редовите на Пелистер Голубовиќ имаше дабл-дабл од 19 поени и 10 скока.