Динамо Загреб и дефинитивно го ангажираше младиот македонски талент Филип Антовски. 18-годишниот лев бек доаѓа од редовите на Вардар, кому ќе му припаднат 25.000 евра од овој трансфер, дел како тренинг компензација, дел како отштета.

Антовски во прво време ќе настапува за вториот тим на Динамо, се додека се наметне, а потоа доколку го стори тоа, ќе биде прекомандуван во сениорската екипа на „модрите“.

Инаку е интересен фактот што Антовски бил многу блиску до Хајдук, ривалот на Динамо во хрватскиот шампионат. Меѓутоа во последен миг хрватскиот првак успеал да го добие потписот на младинскиот репрезентативец.

„Спортмедиа“ уште пред три недели го најави трансферот на Антовски во Динамо Загреб.