Тензично прво полувреме се одигра на квалификацискиот натпревар во футсал помеѓу Македонија и Албанија во малата сала на СЦ Јане Сандански.

После водството на Македонија  уште во 1. минута, Албанија направи пресврт и има водство на полувремето.

Во финишот се случи и една мешаница во која учествуваа футсалци и од едната и од другата страна. Најдебелиот крај го извлече Еркан Сефери од Македонија за старт врз Халими од Албанија. Сефери доби црвен картон.