Познати цените за квалификацискиот натпревар Словенија – Македонија кој ќе се игра на 24 март со почеток во 20:45 часот на стадионот „Стожице“ во Љубљана.

Најефтиниот билет ќе чини 7.5 евра, и ќе биде наменет за деца до 14 години. За возрасни билетот чини 15 евра, додека студенти и средношколци ќе плаќаат по 10 евра доколку сакаат да бидат дел од натпреварот.

Најголемата бројка на билети кои може да купи едно лице е осум влезници.

„Стожице“ има капацитет од 16.000 места.