Иван Тричковски во УЕФА натпреварувањата (квалификациски натпревари) има постигнато девет голови во македонската репрезентација и во квалификациите за Лигата на Европа со АЕК Ларнака. Со тоа Тричко се најде на делбата на втората позиција на оваа листа за сезоната 2018/2019, зад Мунас Дебур кој игра за Салцбург и за израелската репрезентација кој има десет голови. Оваа листа ја објави европската куќа на фудбалот УЕФА.

Тричковски го дели местото со Али Самата од Генк и Душан Тадиќ, а се најде пред Един Џеко и пред Роберт Левандовски.

Лани наградата во оваа категорија му припадна на Кристијано Роналдо со 15 голови.