Давор Здравковски би можел да остане дел од АЕЛ Лимасол до 2022 година, откако тимот планира да му го продолжи актуелниот договор кој истекува во 2020 година.

АЕЛ е задоволен од досегашните настапи на играчот за врска, и посакува да го „врзе“ со нов договор.

Тој е еден од тројцата играчи од овој тим кој ќе ги продолжат договорите во следниот период. До сега Здравковски одигра на 14 меча.

Здравковски е актуелен младински репрезентативец на Македонија.