Додека неговиот Бордо се мачел со Марсеј (и доживеа пораз), Карамо уживал во луксузен шопинг во Париз. Тоа бил премногу за челниците на Бордо кои се решија за порадикални мерки, да го суспендираат играчот на неопределено време. Со оглед на тоа дека му е втор инцидент јасна е постапката на клубот.
Карамо игра како позајмен од Интер, но од Бордо веќе не размислуваат да го задржат, посебно поради последните два испади.

Како што известуваат француските медиуми, Карамо се спречкал со еден од тренерите на Бордо, а го пропуштил наредниот тренинг и не дошол ни на мечот со Марсеј туку отишол на шопинг во Париз и на поседок кај својата фамилија која живее таму.

Сето тоа без да го извести клубот. А Бордо не толерира недисциплина. Суспензија, па допрва ќе биде одлучено дали играчот ќе биде вратен на Интер или ќе остане најмалку до лето како што е договорено.