Работнички во своите редови ќе добие уште едно ново име. Десниот бек Бојан Ѓоргиевски треба да го комплетира трансферот кај „романтичарите“.

Ѓоргиевски (27) доаѓа од тимот на албански Теута Драч каде што играше во последните шест месеци, а претходно беше дел од Мачва, Победа, Нефтохимик, Хоризонт Турново, Металург, а беше дел и од Бате Борисов. Играше и во тимот на Вардар.

Тој е поранешен репрезентативец на младите селекции на Македонија. Соработуваше со Жикица Тасевски во времето од Металург.