Македонија ќе има двајца претставници, Никола Петковски и Анамарија Зафировска на Европскиот олимписки фестивал за млади (ЕИОФ), кој од 10 до 16 февруари ќе се одржи во главниот град на БиХ, Сараево.

Двајцата наши репрезентативци ќе се натпреваруваат во дисциплината крос-кантри, каде Никола Петковски настапува прв на 11 февруари, во трката на 10 километри слободно, додека Анамарија Зафировска ден подоцна ќе учествува во трката на 5 километри слободно.

На Европскиот олимписки фестивал за млади, на кој настапуваат спортисти од 14 до 18 години, ќе има 911 натпреварувачи од 50 земји од светот.

ЕИОФ во Сараево се одржува во период кога градот ја прославува 35-годишнината од организацијата на Зимските Олимписки игри во 1984 година.