ЖРК Пелистер во осминафиналето го заврши својот настап во Челинџ купот и со тоа ја продолжи лошата традицијата на македонските женски клубови кои никогаш досега не успеале да се најдат меѓу најдобрите осум во ова европско клупско натпреварување.

Во вториот натпревар од осминафиналето против српска Наиса битолските дами загубија со 34:24 (17:12) како за одјава од Европа.

За разлика од саботниот натпревар денеска се беше јасно по само едно полувреме.

Откаково продолжението Наиса дојде до двоцифрена предност и истата ја одржуваше до самиот крај, Србинките се радуваа на четвртфиналето, а ЖРК Пелистер заврши со настапот во Челинџ купот.