Неверојатен и чуден пријателски натпревар во Струмица. Академија Пандев во меч кој траеше 120 минути (2Х60 минути), го совлада Вардар со неверојатни 6:1. По првите 60. минути беше 3:1, а во вторите 3:0 за „академците“. Мечот беше одигран на новиот спортски комплекс на Академија Пандев.

Стрелци за Академија Пандев беа Дориев 2, Иванов, Велинов, Трајановски и Николов, додека единствениот гол за Вардар го постигна Манев при 2:0 за струмичани.

АК. ПАНДЕВ (0-60 МИН.): Чубраковиќ, Илиев, Димов, Иванов, Стоилов, Стокоски, Крстовски, Стојков, Дориев, Маневски, Костов.

АК. ПАНДЕВ (60-120 МИН.): Денковски, Алчевски, Јованов, Трајановски, Тенелков, Томовски, Николов, Иванов, Ивановски, Велинов, Пандев, Мишов.

ВАРДАР (0-60 МИН.): Гачевски, Брдаровски, Тошевски, Манев, Жуниор, Најдовски, Мицевски, Димовски, Битанг, Цветаноски, Лира.

ВАРДАР (60-120 МИН.): Илиќ, Велковски, Младеновски, Наумчевски, Реџепи, Ли, Ѓурковски, Игњатов, Ибиши, Андоновски, Колевски.