МЗТ Скопје дојде до осмата победа во низа во домашниот шампионат, совладувајќи го денеска Гостивар на негов терен со 61:74. „Металците” ја остварија 12 победа по ред во шампионатот.

„Металците” во текот на целиот натпревар имаа предност, и повремено ја зголемуваа се до крајот на натпреварот. Имаа предност и во првата и во втората четвртина (14:20, 14:22). Во третата четвртина беа во „егал” 16:16, а последната ја добија домаќините со 17:16, недоволно да се дојде до нешто во дуелот со искусниот противник.

Најефикасни на средбата кај МЗТ беа Иве Иванов и Марко Симоновски со 17 поени. За Гостивар не помогнаа ниту 19-те поени на Костоски кој беше најефикасен на мечот.