Историски успех на македонските карате репрезентативци, кои во ист ден и донесоа два златни медали на Македонија на Европското првенство У21 во Алборг, Данска.

Петар Спасеновски е нов европски првак во конкуренција -84кг., додека Доан Османи во конкуренција -75кг. во помлади сениори.

Откако на првиот ден од првенството, Глигор Петков се закити со сребрениот медал во јуниорска конкуренција, а потоа и Бојан Костов беше сребрен кај кадетите, денеска фантастичниот настап го заокружија Спасеновски и Османи.