Големо признание на членот на Еурофарм Работник, Филип Кузмановски. Македонскиот репрезентативец се најде меѓу 30 најдобри ракометари кои можат да ја одбележат оваа сезона во ЕХФ Купот. Поточно станува збор за анкета на ЕХФ, треба да одберете тројца играчи од номинираните меѓу кои е токму Кузмановски, за кого пак ќе може да гласате на овој ЛИНК.  

Репрезентативецот на првиот меч во групната фаза, против Хановер постигна четири гола.

Еурофарм Работник во недела го игра вториот дуел во ЕХФ Купот, на домашен терен ја пречекува Татабања.