Металург овој пат се одлучи за контролни натпревари против домашни екипи. Тимот на Бутел беше првиот спаринг партнер, во салата во Автокоманда, избраниците на Данило Брестовац славеа со 30-26 (14-16).

Во составот на „металурзите“ ги немаше Шпенде и Лазаревски, Словенецот и пред мечот со ППД Загреб се жалеше на повреда.

Бутел беше подобар противник во првото полувреме, имаше позитива од два гола (14-16), но во продолжение Металург одигра многу подобра во нападот. Како што стои на официјалниот сајт на тимот од Автокоманда дошло до мал инцидент, не се наведени учесниците во пресметката.

„Во еден момент, кон средината на второто полувреме, дојде до мал инцидент во кој учествуваа ракометарите на двата тима. Средбата имаше неколкуминутен прекин и продолжи без по двајца ракометари на двата тима, кои заработија црвени картони“.

Металург в недела ќе одигра уште еден пријателски натпревар, повторно во Автокоманда, против тимот на Тинекс Пролет.

.РК Металург – РК Бутел 30:26 (14:16)

РК Металург: Томовски, Даниловски, Дупјачанец, Арсеновски 2, Танкоски 4, Серафимов 3, Маџовски 3, Пучник 2, Младеновиќ 1, Шилегов 4, Токиќ 5, Јагуриновски 1, Стојановиќ, Димитриоски 4, С.Додиќ и Миличевиќ 1. Седмерци: 4/6. Исклучувања: 8 минути. Црвени картони: 2.